Собранието во рамки на денешната 92. седница ја утврди потребата за носење неколку закони.
Пратениците дадоа поддршка да се усвојат по скратена постапка Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за шумите, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за јавните набавки во областа на одбраната и безбедноста, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за возила, Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата и Предлог на законот за изменување и дополнување на Законот за развој, производство и промет на воени стоки, по скратена постапка.
Поддршка за натамошно второ читање не добија измените и дополнувањата на Законот за данокот на додадена вредност и Предлог на законот за изменување на Законот за данокот на добивка, поднесени од пратениците на Алијансата за Албанците на Зијадин Села.
МИА


