Денеска околу 8 часот на патот помеѓу Муртино и Банско се случи сообраќајна незгода, во која пет лица се повредени, меѓу нив и 5-годишно дете со тешки телесни повреди.
По укажаната медицинска помош, во болницата во Струмица, четворицата полесно повредени се пуштени на домашно лекување, додека 5-годишното дете, по укажаната прва помош, под итно е транспортирано на Клиниката во Скопје.
Сообраќајната незгода се случила помеѓу директен судир на две патнички возила, од кои едното сопственост на такси компанија. Со полесни телесни повреди се здобиле возачот на таксито 82-годишен Е.Н. и возачот на патничкото возило С.А., како и сопатниците, Л.М. и М.М., додека детето се здобило со потешка телесна повреда.
Според првичните информации патничкиот автомобил, со четворицата патници се движело кон Банско, кога директно се судрило со такси возилото. СВР Струмица ги истражува причините за сообраќајката.


