Сообраќајка кај надвозникот во село Мрзенци, возилата се пренасочуваат

На автопатот А1 Скопје – Гевгелија, кај надвозникот во с.Мрзенци, поради сообраќајна незгода, сообраќајот се пренаосчува, информира АМСМ.

Дваесет и седумгодишната Т.Б. од Гевгелија е потешко повредена во сообраќајна несреќа која утринава се случила на магистралата Гевгелија-Демир Капија кај клучката за селото Мрзенци.

Првичните информации од полицијата беа дека девојката била потешко повредена, но сега од МВР велат дека се уште немаат сознанија за карактерот на повредите.

Полицијата извести дека џип со скопски таблички во кој биле 68-годишниот А.Ш. и 44-годишната Р.Ш. (татко и ќерка) од Скопје се судрил со „шевролет“ кој го возела повредената гевгеличанка. Таа е згрижена во гевгелиската болница.

Полицијата извести дека девојката од Гевгелија се враќала од работа. Во еден момент изгубила контрола врз возилото, удрила во пластичната заштитна ограда крај магистралата, а потоа во џипот на скопјаните.

Дел од патот времено е затворен за сообраќај поради почнатиот полициски увид.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести