Порталот Доказ објави фотографија од сообраќајка која попладнево се случила на булеварот Илинденска во Скопје, пред влезот на Зоолошката градина, а во која автобус удрил во велосипедист.
Телма телевизија објави дека во несреќата е повредено момче кое го возело велосипедот, а според првичните информации момчето се стекнало со тешки повреди од ударот и веднаш со Итна помош било префрлено во Ургентниот центар.


