Судот во Хонг Конг го прогласи за виновен Карсон Јунг, сопственикот на англискиот фудбалски клуб Бирмингем за перење пари. Вкупниот износ на испрани пари е 93 милиони долари.
Пресудата околу висината на казната за Јунг ќе биде објавена в петок.
Јунг стана сопственик на клубот сезоната 2009/10, а веќе следната сезона Бирмингем го освои Лига Купот. Тимот во 2011 година испадна од Премиер лигата, а веднаш потоа сопственикот беше приведен и обвинет за делото.
Бирмингем во моментов се натпреварува во втората по квалитет фудбалска лига во Англија
]]>


