Советникот од СДСМ Сиљаноски го подели својот прв паушал за чист и безбеден Македонски Брод

Андреа Сиљаноски советник од СДСМ во Советот на општина Македонски Брод го подели својот прв паушал како член на општинскиот совет за како што напиша, вреднување на трудот и посветеноста на луѓето за убав и чист град. Ова Сиљаноски го објави на неговиот фејсбук профил.

-“Можеби е мал гест, но за мене е почеток на една нова пракса – вреднување на оние што секојдневно го држат нашиот град уреден, чист и безбеден. Мојот прв паушал го делам рамноправно: половина за пожарникар, половина за вработен во комунална хигиена. Верувам дека ваквите постапки мотивираат, охрабруваат и покажуваат дека трудот на луѓето е навистина ценет. Тие се огледалото на нашиот град, напиша во својата објава советникот од СДСМ Андреа Сиљаноски.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести