На Светското првенство во Катар денеска ќе се одиграат натпреварите од 5.коло во групите А и Б, по што ќе бидат познати четири осминафинални двојки. Досега е познато сигурно дека Хрватска е прва во групата Б. Македонија денеска за противник ја има Австрија и дуелот почнува во 17 часот.
Двојки 5.коло група Б:
Тунис – Иран (15 часот),
Македонија – Австрија (17 часот),
Хрватска – Бих (17 часот).
Табела: Хрватска 8, Македонија 6, Австрија 5, Тунис 3, БиХ 2, Иран 0.
Двојки 5.коло група А:
Бразил – Чиле (15 часот),
Словенија – Шпанија (15 часот),
Катар – Белорусија (17 часот).
Табела: Шпанија 8, Катар 6, Словенија 6, Белорусија 2, Бразил 2, Чиле 0.


