Спасен и вториот пилот од соборениот Ф-15 во Иран

Исчезнатиот пилот чиј борбен авион Ф-15 беше соборен над Иран е извлечен во сложена спасувачка операција на американската војска, соопшти претседателот Доналд Трамп преку објава на социјалната мрежа Truth Social.

„Го имаме! Американската војска изведе една од најсмелите спасувачки операции во нашата историја“, напиша Трамп, додавајќи дека пилотот е безбеден и во стабилна состојба. Пилотот се здобил со повреди но се очекува целосно закрепнување.

Во операцијата биле вклучени десетици авиони, додека иранските државни медиуми нудеа награди за заробувањето на пилотот и известуваа за пукање кон американски хеликоптери кои учествувале во потрагата.

Најчитани вести