Спасовски: Просторот околу Собранието станува строго регулирана безбедносна зона каде што повеќе нема да може да се гради

Денес присуствував на седницата на Комисијата за одбрана и безбедност, каде се разгледуваше Предлог-закон за прогласување на просторот околу Собранието за безбедносна зона.

Со овој закон се предвидува:

• Забрана за продажба на земјиштето во таа зона.

• Автоматско укинување на веќе издадени одобренија за градба во моментот на стапување на законот во сила.

• Земјиштето кое претходно било продадено ќе се врати во владение на државата.

Поентата е јасна – просторот околу Собранието станува строго регулирана безбедносна зона каде што повеќе нема да може да се гради, напиша Спасовски на социјалните мрежи.

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести