На 4 471 вработени во Министерството за внатрешни работи, кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2020 година, денеска ќе им биде исплатена бонус платата во поединечен нето износ од 27.182 денари.
Министерот додава и дека ќе продолжи интензивната работа на МВР за воспоставувањето европски стандарди во полицијата.

-Продолжувајќи со силна мотивираност да ги градиме севкупните капацитети на МВР, одговорно тврдам дека во наредниот период со уште поголема енергија ќе се посветиме на воспоставување европски стандарди во полицијата за да можеме да претендираме на уште подобри резултати во работењето, во полза на сите граѓани на Република Северна Македонија, истакнува министерот Оливер Спасовски.
МИА
]]>


