Спасувачите ја пронајдоа исчезнатата жена жива, како плива во езерото

Тим на Езерската полиција, околу 10.30 часот ја пронашол жената по која се трагаше неколку часови, жива, како плива во езерото пред хотел Парк, објави Ohridnews.

Потрагата по жената, за која постоеја сомневања дека е исчезната во езерските води, започна утрово околу еден часот по полноќ и во неа беа вклучени тимови од општинскиот Црвен крст и Езерската полиција. Поради лошите услови потрагата беше прекината околу 3.30 за повторно да продолжи во 5.30 часот и трае до 10 часот утрово.

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести