Организацијата на потрошувачи секоја година објавува извештај во кој ги открива најдоверливите и најлошите марки на автомобили на пазарот.
Врз основа на овие податоци можеме да дознаеме која марка на автомобили е најнесигурната и најчесто се расипувала во Европа досега, пренесе „Јутарњи“.
Извештајот се заснова на истражување на 52.430 возачи во пет европски земји и покажува дека азиските брендови продолжуваат да водат во рангирањето на доверливоста од година во година.
Студијата открива дека „Лексус“ (95 поени), „Субару“ (93 поени) и „Тојота“ (91 поени) ги заземаат првите три места на листата на најдоверливи брендови, а потоа следат „Мицубиши“ (4-то), „Киа“ (5-то), „Сузики“ (6-то). ), Хјундаи (7-мо), Хонда (8-мо) и Мазда (9-то).
Ова, секако, ги става на второ место европските производители, чија најсигурна марка, според овој извештај, е „Сеат“, која ја зазема 10-тата позиција. „Дачија“ е изедначена по бодови, а потоа следат „Шкода“, „ДС“, „Волцваген“, „Смарт“, „Пежо“, „Мерцедес“, „Бе ЕМ Ве“ и „Мини“ со кои се заокружуваат првите 20 најдобри автомобили.
На другиот крај на листата, на последните шест позиции со рејтинг еднаков или помал од 68 поени, се „Ланчија“, Шевролет“, „Јагуар“, „Лан Ровер“ и „Алфа Ромео“. Конечно, најмалку сигурен автомобилски бренд и со најмногу дефекти во Европа, според овој извештај е „Тесла“, со само 60 поени од вкупно 100.
Според извештајот најчестите грешки што ги имаат автомобилите во 2022 година се електричните дефекти (17%), кочниците (13%), електрониката (8%), управувањето и амортизацијата (7%), мотор (8%) и клима уред (6%).
Конечно, според овој извештај, бензинските хибриди се автомобилите кои најмалку се расипуваат. Оваа категорија вклучува до 10 модели кои надминуваат 95 поени за сигурност. Меѓу нив се издвојуваат „Lexus IS 2013“, „Toyota Corolla 2018“ и „Toyota RAV4 2013-2018“ година.


