Најпознатите светски обложувалници на европскиот првак Баерн му даваат најголеми шанси повторно да го освои европскиот трон. Коефициентот за победа на Баерн во Лигата на шампионите се движи меѓу 2,5 и 3.
За триумф на Барселона или Реал Мадрид коефициентот изнесува 4,5.
Фаворит број 4 е Пари Сен Жермен и за едно вложено евро на победата на парижаните во ЛШ, во случај на нивни триумф во елитното натпреварување ќе се добијат 11 евра.
За Челзи коефициентот е 13, па селдува Атлетико Мадрид со 15, додека Борусија Дортмунд има коефициент 17.
Најмалку шанси за победа во ЛШ му се даваат на Манчестер Јунајтед – коефициентот е 20.
Утре се жрепката за двојките во четвртфиналето, а финалето е закажано за 24 мај во Лисабон.
]]>


