Средбите со земјоделците- најдобриот начин на комуникација и соработка

 во земјоделството и разбирлива е нивната нестрпливост, изгубена доверба во институциите и земјоделските здруженија. После, обично 2 часа одговори од страна на министерот и претставниците на институциите, останува кај некој горчината, ако личниот проблем нема законско решение, некој аплауз, меѓусебна солидарност…се заедно чувство на соработка со владата и институциите. По завршување на трибината повторно се расположуваат, па ни приоѓаат да се доискажат, да закажат состанок, да ги остават документите што ги носат, се обраќаат до директорите на АХВ, Платежна, ДЗИ со конкретни проблеми, а директорите трпеливо на сите им излегуваат во пресрет. И се испраќаме со желба за повторна средба. Не е лесно и не се едноставни овие средби, состојбата во земјоделкиот сектор со години е лоша и не може да очекувате задоволни земјоделци оти колку и да се работи не може во една година да имате спектакуларни резулатати, особено во сточаството. Но кога знаете дека работите, кога знаете што сте нашле како состојба и колку труд, енергија и искрена посветеност во работата, личен но и тимски, вие пред земјоделците одите со чист образ. Не ги притискате, не манипулирате, не ги уценувате. Само кажувате што сте сработиле. Овој момент за нив е нов, но ќе се научиме со годините и заедничката работа што ни следи. Најлесно е да си седиме во канцеларија и од таму да кроиме аграрна политика, никој нема да ни се жали, ќе бидеме мирни. Но сме го одбрале овој пат затоа што тоа е единствениот исправен начин ако сакаме да направиме реформа во агарот. Земјоделците тоа ќе знаат да го препознаат, ќе се носиме со провокации, ќе докажуваме дека довербата во институциите може да се врати. Ако во тоа ни помогнат и медиумите, не да не фалат туку со вистински информации кои им требаат, со едукација, со промовирање на новите мерки, тогаш побрзо ќе им помогнеме на земјоделците, а агросекторот како важна стопанска гранка од која егзистираат 200 000 земјоделски семејства ќе има поголем развој. Ленче Николовска- Посебен советник за земјоделство, шумарство и водостопанство на Претседателот на Владата на РСМ]]>

Најнови вести

Најново од Агро Бриф

Најчитани вести