Средношколци од СОУ „Никола Карев“ од Скопје денеска ќе го посетат Собранието на Република Северна Македонија за едукативната активност „Имам став!“, организирана од Парламентарниот институт.
„Имам став!“ е активност наменета за ученици од средните училишта во државата и претставува симулација на процесот на разгледување предлог-закон во Собранието.
– Целта на „Имам став!“ е приближување на работата на Собранието и на процесот на донесување закони до младата популација, што ќе придонесе за развивање на нивната свест за демократијата и ќе ги поттикне и подготви за општествена и политичка критичност и вклученост – соопшти собраниската прес-служба.
МИА


