После турбулентен период и низа предизвици кои ги притискаа, три знаци на Зодијакот конечно можат да здивнат – од 13 мај Универзумот им праќа олеснување, поддршка и нови шанси. Енергијата се менува, а среќата и внатрешниот мир конечно доаѓаат во нивните животи.
Рак
За Раковите ова е пресвртница. По долг период на емоционална несигурност и лично преиспитување, конечно доаѓа олеснување. Ќе се чувствуваат како огромен товар да им е тргнат од грб. Ќе бидат посамоуверени, посмирени и подготвени да преземат нови предизвици – и на работа и во љубовта. Добри вести и конкретна поддршка доаѓаат од семејството, што им значи многу.

Шкорпија
Шкорпиите влегуваат во фаза на лична регенерација. Последниве месеци носеа голем емоционален и психолошки товар, но сега им се отвора простор да се олеснат. Многумина ќе се ослободат од минатото и врските кои ги гушеле. Можни се и финансиски придобивки, особено преку претходно „закочени“ проекти. Време е повторно да почувствуваат контрола и да веруваат во сопствената моќ.
Риби
Рибите биле преоптоварени со обврски и туѓи проблеми. Од 13 мај почнува периодот во кој се ставаат на прво место. Нивната интуиција зајакнува, а инспирацијата доаѓа одвнатре – т ќе бидат креативни, отворени за нови идеи и врски. Многумина ќе доживеат вистинско емотивно олеснување – можно е да се помират со личност од минатото, но и да запознаат некој кој целосно ќе ги освои.


