Српски новинар предлага споменик на Кире Лазаров во „Скопје 2014“

Еден српски новинар, кој ги следи ракометните натпревари во Хернинг, напиша колумна која ја завршува со порака до нашиот премиер Никола Груевски и нашата репрезентација.

Жика Богдановиќ откако ги раскажува впечатоците и настаните околу украдениот часовник на српскиот ракометар Дарко Станиќ и почетоците на натпреварите,, Богдановиќ вели дека на раката на нашиот ракометар, Кире Лааров ваквите часонцици, дадени како награда, се уште блескаат.

-Малку подоцна во Хенинг, часовниците ќе бидат на ракаата на Кире Лазаров, а премиерот Никола Груевски следниот пат кога ќе дојде да ја посети својата репрезентација, треба да донесе и метар и да доведе скулптор за да земе мерка за иконата на македонскиот спорт. Тоа ќе биде логичен епилог на целата кариера на асот од Свети Николе, кој ја носи македонската репрезентација таму каде што често не ѝ е местото.  А проектот на Скопје „„back to history and future“ на тој начин би имал смисла, вели Богдановиќ.

Застанете здрави, ние ќе разговараме повеќе

]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс

Најчитани вести