Менторската програма за зајакнување на лидерската улога на жените во приватниот сектор продолжува во компанијата Специјал! Преку оваа програма, во која учествуваат 40 компании, се презентираат и имплементираат родово-инклузивни работни места, создавајќи основа за поголема инклузивност и еднакви можности во приватниот сектор. Ова е значаен чекор кон поддршка на жените во развивање и напредување на лидерски позиции.
Оваа активност е дел од проектот „Активност за јакнење на деловниот екосистем” спроведуван од Strategic Development Consulting – Консалтинг за Стратешки развој со поддршка на американскиот народ преку агенцијата на САД за меѓународен развој USAID North Macedonia, а подготвен од Macedonian Chambers of Commerce – Сојуз на стопански комори на Македонија.
Фејсбук статус на Сојуз на Стопански комори на Македонија.


