Сојузот на синдикати на Македонија до крајот на февруари остава простор за договор за зголемување на минималната плата на 600 евра и останатите плати за 100 евра. Доколку тоа не се случи, во првата половина на март следува генерален штрајк и голем работнички протест за кој ќе биде организиран и превоз од останатите градови за секој оној што ќе сака да присуствува, информира Проверено.
ССМ денеска ги блокираше влезовите на Владата порачувајќи и дека има можност на денешната владина седница да донесе одлука за зголемување на платите на работниците.
- 24 министри, на денешната седница на Владата, треба да предложат измени и дополнување на Законот за минимална плата, ако сакаат да бидат со работниците — да се зголеми минималната плата на 600 евра и да се зголемат сите останати плати за разликата од претходната минимална до новата минимална плата, или за најмалку 6.000 денари, рече претседателот на ССМ Слободан Трендафилов.
Во наредниот период до почетокот на март не се искллучува можноста за организирање блокади на таргетирани институции и во внатрешноста на државата.
- Ако одлучат, на седница на Влада, да ја зголемат минималната плата на 600 евра и да ги зголемат сите останати плати за најмалку 6.000 денари, нема да ме гледаат повеќе на телевизија, нема да ме гледаат на социјалните медиуми. Се дотогаш продолжуваме онаму каде што стоиме сега, на улица, изјави Трендафилов. Посетуваме минималната плата минатата година ја утврди министерот за економија и труд, без согласност на Економско социјалниот совет, спротивно на законот. Се надеваме дека оваа година нема да ја повторат таа пракса, и затоа сме тука.Ако биде така во март генерален штрајк, токму за да ги потсетиме дека ние сме тука, на улица.
Вели дека барањата за зголемување на платите се реални и дека во Буџетот има пари само што се лошо распоредени и дека како синдикат не треба да отстапат од барањата.
Повеќе на следниот линк на Проверено.мк


