Станојковски и Николов државни прваци во пинг-понг

Кристијан Станојковски од клубот Крива Паланка и Амелија Николов – ППК Шампион Фа се најуспешните пинг-понгари на Државното првенство за сениори и сениорки одржано викендот во „Јане Сандански“ во Скопје.

Иако ланските победници ги одбранија титулите имаше и неколку изненадувања на турнирот. Кај женските малата Моника Стајковска од Берово со само 14 години успеа да влезе во финалето во поединечна конкуренција и го освои второто место. Додека кај машките изненади Венко Стојанов од Радовиш кој како 22-ро рангиран успеа да стигне до третото место.

Резултати во поединечна конкуренција:

Машки:
1. Кристијан Станојковски – ППК Крива Паланка
2. Филип Младеновски – ППК Шампион Фа
3. Лука Стојчев – ППК Младост
3. Венко Стојанов – ППК Радовиш

Женски:
1. Амелија Николов – ППК Шампион Фа
2. Моника Стајковска – ППК Зегин Берово
3. Сара Стојановска – ППК 10 60 АС Ѓорче Петров
3. Софија Хасану – ППК Младост

Резултати од Микс двојки:
1. Филип Младеновски и Амелија Николов – ППК Шампион Фа
2. Кристијан Станојковски и Ана Стојановска – ППК Крива Паланка
3. Нико Доага и Софија Хасану – ППК Младост
3. Даниел Главевски – ППК Пелагонија и Фани Јованоска – ППК Зегин Берово

Резултати од машки двојки:
1. Кристијан Станојковски и Александар Јакимовски – ППК Крива Паланка
2. Лука Стојчев и Дамјан Стојчев – ППК Младост
3. Димитрие Жоговски и Роберт Михајловски – ППК Телеком Нец 2
3. Александар Кралев и Филип Младеновски – ППК Шампион Фа

Резултати од женски двојки:
1. Ана Стојановска – ППК Крива Паланка и Амелија Николов ППК Шампион Фа
2. Фани Јованоска – ППК Зегин Берово и Сара А. Стојановска – ППК Крива Паланка
3. Софија Хасану и Емилија Марковска – ППК Младост
3. Сара С. Стојановска – ППК 10 60 АС Ѓорче Петров и Васе Богоевска – ППК Младост 96.

МИА

Најчитани вести