Популарниот холивудски актер Бред Пит во декември ќе наполни 60 години, а сите што ги виделе неговите фотографии направени во Силверстоун, каде што се одржува трката за Големата награда на Формула 1, се прашуваат која е тајната на неговиот изглед.
Бред изгледа подобро од кога било, а тајната на зачуваната младост, според упатените, се должи на добрите гени, редовното вежбање, пилингот, ботокс и неинвазивните естетски процедури. Не е тајна дека по бурниот развод со Анџелина Џоли, кој емотивно го скрши, Пит беше подложен на бројни процедури за да ги избрише трагите од страдањето и болката низ кои минувал.
-Користел филери, ботокс, хемиски пилинг, ласерски третмани за корекција на брчките околу очите, а ја затегна и кожата на лицето – откри естетскиот хирург Лајл Бек, кој ги проучувал фотографиите на Пит и додаде дека сето тоа се вообичаени третмани за подмладување за оние кој можат да си ги дозволат.
Бред е роден на 18 декември 1963 година во гратчето Шевне, Оклахома, а по студиите по новинарство на Универзитетот во Мисури, дошол во Холивуд со намера да се испроба во филмската фабрика на соништата.
Придобивките од редовното вежбање за телото ги научил додека се подготвувал за улога во филмот „Фајт клуб“ од Дејвид Финчер, за која кон крајот на деведесеттите го извајал секој негов мускул.
Во тоа време тој беше во врска со колешката Џенифер Анистон со која се ожени во јули 2000 година, а нивниот развод следеше по снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, каде ја запозна Анџелина Џоли.


