Индустриското производство во октомври 2013 година е зголемено за 6,9 отсто во однос истиот месец лани, а за 2,6 проценти во периодот јануари-октомври 2013 година во однос на јануари-октомври 2012, соопшти Државниот завод за статистика.
Во секторот Рударство и вадење на камен индустриското производство бележи раст од 9,7 проценти, во секторот Преработувачка индустрија зголемување од 7,0 отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0,8 проценти.
Според главните индустриски групи, производството во октомври 2013 година, во однос на октомври 2012 година, бележи пораст во групата Енергија за 1,1 отсто, Интермедијарни производи, освен енергија за 6,3, Капитални производи за 15,2, Трајни производи за широка потрошувачка за 36,3 и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5,9 проценти


