Сточарите во паника, болеста се шири, вакцините ги нема

Соопштение од кабиенет на дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски:

Продолжува хаосот и непрофесионалноста на владата во справувањето со  болеста   „јазлеста кожа“ кај добитокот на штета на фармерите и вкупното сточарство во државата.

Додека сточарите во паника ги бројат загубите во млеко и добиток и ги чекаат вакцините за да ги заштитат здравите животни, од Агенцијата за храна и ветеринарство со нејасни изјави  дали вакцините се набавени и кога ќе започне вакцинирањето.

Интересот за овие вакцини е голем од земјите во кои е појавена и присутна болеста но и од други европски земји во кои сеуште не  е потврдена болеста поради што се прават  резервации кај производителот и се чека на ред за испорака.

Зошто надлежните во  Македонија не реагираа навреме и досега не се обезбедија овие вакцини кога веќе се знаеше дека болеста ја има во регионот?

Одговорност мора да има за ваквиот аматеризам на кадрите на Груевски.

Штетата е голема и болеста опасно се шири токму поради задоцнетата  реакција на надлежните институции.

Исто така бараме  што поскоро да започне обештетувањето за млекото и добитокот  на сточарите .

Апелираме, директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Зоран Поповски наместо правдање во јавноста  да се зафати со работа и да се стави болеста под контрола и секојдневно да се информира јавноста за состојбата со болеста.

Најнови вести

Најново од Агро Бриф, Ударни вести

Најчитани вести