Мурат А. (15)., Адмир В. (25) и Јетон Е. (25) утринава загинаа во страотна сообраќајка во Кичево, кога автомобилот „голф“ со кичевски регистарски таблички изгубил контрола и удрил во куќа. Во автомобилот се наоѓале пет лица, од кои три починале на лице место, а две момчиња се повредени. Атомобилот „Голф“ движејќи се по улицата „Ужичка република“ од железничката станица кон локалниот пат за Крушино, преминал на левата коловозна лента и со предниот дел директно удрил во тротоарот и во бетонски електричен столб, се извртел и со задниот лев дел удрил во куќа.


