Педесет и четири годишен струмичанец од селото Добрејци, пријавил двајца свои соселани оти му ја краделе марихуаната од дворот.
По пријавата на случајот, полицијата извршила претрес во неговиот дом и нашла една вреќа од брашно наполнета со канабис сатива тешка три килограми.
Биле пронајдена и амбалажа од тутун наполнета со марихуана, марихуана во дворот и во фиока во дворот, како и три засадени корени во саксија од истото растение.
Против него, полицијата поднесе пријава за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори.


