Судијата призна дека му подарил три гола на Монако

Судијата Фреди Фортел кој ја делеше правдата на фудбалскиот натпревар Лион – Монако 2:3, денеска јавно призна дека направил грешки при постигнувањето на сите три голови на гостинската екипа.

– Направив грешки кои беа пресудни за конечниот исход на натпреварот, изјави Фортел за „Л’Екип“.

Главниот и помошните судиите не досудија „офсајд“ за Димитар Бербатов кој го постигна третиот гол за Монако, а истиот играч беше во недозволена позиција и при асистирањето на првите два погодока за неговата екипа.

Тренерот на Лион Реми Гард избегна да го коментира судењето за да не биде казнет.

– На сакам да давам изјава за судењето, бидејќи со тоа ризикувам да бидам санкциониран, изјави Гард.

Монако со оваа победа е втор во Лига 1 со 62 бода, лидер е ПСЖ со 70 бодови. До крајот на првенството остануваат уште девет кола.

]]>

Најчитани вести