Македонскиот фудбалски судија Александар Ставрев вечерва со своите помошници, исто така од Македонија, ќе го суди реванш натпреварот од 1/16 финалето од Лига Европа меѓу Олимпик Лион и Черноморец.
Ова ќе биде трет натпревар за Ставрев во ЛЕ оваа сезона, откако претходно судеше на дуелите: Салцбург – Жалгирис и Виган – Марибор. Сезонава двапати судеше и дуели од Лигата на шампионите: Галатасарај – Копенхаген и Австрија Виена – Зенит.
Покрај Ставрев на стадионот „Жерлан“ ќе бидат: Марјан Кировски, Дејан Костадинов (помошници), Димитар Мечкаровски и Дејан Јакимовски (покрај головите) и Никола Караколев (4-ти судија).
Двојки од 1/16 финалето од Лига Европа: Рубин – Бетис (1:1 прв натпревар), Наполи – Свонси (0:0), Севиља – Марибор (2:2), Салцбург – Ајакс (3:0), Базел – Макаби Тел Авив (0:0), Ајнтрахт Франкфурт – Порто (2:2), Шахтјор Доњецк – Викторија Плзен (1:1), Лудогорец – Лацио (1:0), Тотенхем – Днипро (0:1), Бенфика – ПАОК (1:0), Олимпик Лион – Черноморец (0:0), Фиорентина – Ејсберг (3:1), Генк – Анжи (0:0), Валенсија – Динамо Киев (2:0), АЗ – Либерец (1:0) и Трбазон – Јувентус (0:2).
]]>


