Кривичниот суд вчера информираа дека двата обвинителни предлози кои минатата недела ги поднесе Специјалното јавно обвинителство веќе се распоредени на двајца судии од Кривичниот суд. Распределбата на предметите се прави во согласност со електронскиот систем за распределба, а според информациите на Фокус, овие предмети ги добиле судиите Татјана Михајлова и Лидија Петровска.
Михајловска е позната во јавноста по тоа што ја водеше истрагата за случајот „Ликвидација“, во кој на затворска казна од 4,6 години беше осуден новинаротТомислав Кежаровски, а потоа Апелациониот суд му ја намали казната на две години.
Од судот не информираа дека се уште не се одредени датуми за судење, односно за одржување на главната расправа, за што пак не е предвиден рок, туку ќе се чека слободен термин.
Двата предмети се работени по скратена постапка бидејќи Обвинителството имало доволно докази за да изготви обвинителни предлози и да ги достави до Кривичниот суд.


