Шкотланѓанката Сузи Волф е првата жена која после 22 години ќе се појави во Шампионатот во Формула 1.
31-годишната Волф ќе вози за Вилијамс на првиот тренинг на трките за Големата награда на Германија и на Велика Британија.
Последната жена која возела во Ф1 беше Италијанката Џована Амати во 1992 година кога не успеа во квалификациите за Големата награда на Бразил, на патеката „Интерлагос“.
]]>


