Светска банка наредила целосно запирање на кредитите за општинските услуги во Македонија

Светска банка ги стопирала кредитите за подобрување на општинските услуги во Македонија-објави БИРН.
Според дипломатски извори на кои се повикуваат меѓународните финансиски институции кренале рачна и Светска банка ја прекинала втората фаза од програмата со која требало да се обезбедат заеми за 57 општини за инвестиции во инфраструктурата или изградба и доградба на локални патишта, канализациони мрежи и друга општинска инфраструктура.
БИРН открива дека Бордот на директори на Светска банка дал инструкции за стопирање на кредитите, откако неколку земји-членки на оваа меѓународна финансиска институција го побарале тоа.
„Бордот на директори на Светска банка даде инструкции во Скопје да не се продолжува втората фаза од програмата додека не се одржат кредибилни избори во земјата“, вели дипломатски извор за БИРН.
Од канцеларијата на Светска Банка ниту ја потврдија ниту ја демантираа информацијата дека меѓународните финансиски институции го стопираат процесот на кредитирање на општините. Најавија дека во наредните денови ќе испратат соопштение преку кое ќе ја известат јавноста за прземените чекори на Свестска Банка.

Најчитани вести