Високи раководители од автомобилската, производствената и енергетската индустрија изразија загриженост за можните царини во трговската војна на Трамп.
Британскиот министер за финансии патува во САД на состанок за новиот трговски договор чија цел е да се ублажат последиците.
Ова ќе се случи доколку владата во Лондон не ја заштити британската економија од трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп со царините, изјавија пред пратениците лидерите на водечките индустриски сектори.
Високи раководители од британскиот автомобилски, производствен и енергетски сектор ја предупредија комисијата составена од британски пратеници дека се очекува губење на работни места ова лето, доколку Соединетите Држави продолжат да спроведуваат низа трговски тарифи наметнати од Трамп претходно овој месец, објави Гардијан.

Предупредувањето дојде во време кога британската канцеларка Рејчел Ривс патува во САД на првата средба со нејзиниот американски колега Скот Бесант за новиот трговски договор што ќе ги ублажи ефектите од трговската војна на Трамп.
Во спротивно, владата на Велика Британија можеби ќе треба да воспостави шема во стилот на пандемијата за покривање на платите на оние кои најверојатно ќе ги загубат своите работни места ова лето, велат податоците од индустријата.
Извршниот директор на британското здружение на производители и трговци на мотори, Мајк Хејвс, рече дека „обидите на Трамп да ја разниша глобалната економија веројатно ќе имаат сериозно, значајно и непосредно влијание врз врвните британски производители на автомобили кои го опслужуваат американскиот пазар“.
Хејвс рече дека отпуштањата за производителите на автомобили, вклучувајќи ги Ролс-Ројс, Бентли, Астон Мартин и Мекларен ќе бидат последно средство за да се спречат загубите и дека ќе биде „прашање на недели, а не на месеци, пред да започне кратењето на работните места“, пишува српски Блиц.


