СЗО: Во ДР Конго и во Уганда 75 здравствени работници се заразени со ебола

Светската здравствена организација (СЗО) објави дека 75 здравствени работници се заразени со ебола за време на епидемијата во Демократска Република Конго и во Уганда.

– Седумнаесет од нив починаа, изјави претставничката на СЗО во Бунија, Мари-Розелин Белизер, додавајќи оти е непознато дали тие биле заразени на работа или во приватниот живот.

Таа посочи дека СЗО работи за да ги снабди дури и малите клиники со опрема како што се ракавици и заштитна облека, како и да го обучи персоналот за спречување на заразата.

Од 177 анкетирани клиники, само четири првично имале капацитет и опрема за правилно да го заштитат целиот свој персонал.

– Еден од предизвиците беше тоа што во оваа епидемија само 10 проценти од заразените покажувале симптоми типични за ебола, особено крвавење. Како резултат на тоа, многу луѓе предолго не побарале помош, претпоставувајќи оти имаат маларија. Ова го зголеми ризикот од пренесување во рамките на семејствата и во малите клиники, посочи Белизер.

Вкупно заразени од ебола во ДР Конго и во Уганда има 896 потврдени случаи, од кои 232 смртни случаи.

МИА

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести