Таки Фити: Ако дојде сериозна ситуација платите и субвенциите на земјоделците ќе треба да се намалуваат

Новите проекции на НБРМ дека економскиот раст ќе достигне само 1,6 %  јасно покажуваат дека рецесијата нужно ќе дојде,бидејки во ваква политичка криза  малаксува оптимизмот,инвеститорите стануваат песимисти а домаќинствата се воздржуваат од трошење пари,рече претседателот на МАНУ академик Таки Фити.

Ќе има потреба од ребаланс дециден е тој бидејки ќе се намалувата приливите во Буџетот а тоа значи дека мора да се штеди.

Да се преиспитаат мерките за субвенционирање на земјоделието и платите во администрацијата.

-Не знам што ке се случува со платите на администрацијата.Тие се огромна ставка и ако дојде до уште посложени состојби,тие не треба да растат туку едноставно да се стегаат,да се намалат, оценува претседателот на МАНУ, Таки Фити.

Во однос на паниката што ги натера граганите и фирмите да ги вадат депозитите од банките,Фити повтори дека не постои опасност од девалвација на денарот.

Граганите да бидат спокојни бидејки финанскиот сектор е стабилен и ликвиден а нивото на девизни резерви е високо.

-Сите што беа исплашени ги растурија договорите во бнките и изгубија камата.Нема потреба од тоа,инаку кредитите во оваа ситуација ќе поскапат,

тоа лугето ќе мора да го платат,што е разбирливо, вели Фити.

Кратења на буџетските трошоци се неопходни бидејки со овие буџетски дефицити и неодржлив јавен долг смета Фити земјата не може нормално да функционира.

Извор:Телма

Најчитани вести