Тактичко-технички активности на АРМ во близина на Езерската полиција во Охрид

Припадници на Армијата на Република Северна Македонија од денеска до 11 јуни, во периодот од 10 до 16 часот ќе реализираат тактичко-технички активности на плажата „Бафало бич“ во близина на езерската полиција, соопшти СВР Охрид.

Припадниците на Баталјонот за специјални сили, како што е наведено, во водите на Охридското Езеро, ќе употребат артифиции, средства за звучни ефекти и друга опрема.

– Сите активности во рамките на тактичко-техничките активности, покрај воено ќе имаат и полициско обезбедување, што ќе го извршуваат припадници на полициската станица Охрид и полициската станица за граничен надзор „Охридско Езеро“ (Езерска полиција), информира СВР Охрид.

Апелираат до граѓаните, да ги почитуваат насоките на службените лица задолжени за обезбедување на овој значаен настан. 

МИА

Најнови вести

Најново од Македонија

Најчитани вести