Експертите велат дека првите неколку секунди се клучни откако ќе го намокрите телефонот, а ние ви носиме совет што да правите.
Сите знаеме за трикот со ориз кога мобилниот телефон ќе падне во вода или ќе се намокри. Но, постои многу поефикасен начин за тој проблем.
Доколку мобилниот телефон ви паднал во вода или сте истуриле сок врз него, многу луѓе веднаш го бришат со крпа и се обидуваат да го исушат со фен. Сето ова изгледа логично, но не е добар начин, пишува Wired.
Течноста што продира во паметниот телефон може да влијае на неговото функционирање на неколку начини, од заматени фотографии, доколку влагата навлезе во објективот на камерата, преку неможноста за полнење, до целосно откажување на телефонот. Експертите велат дека пресудни се првите секунди. Еве што треба да направите.
Кога ќе го навлажните водоотпорниот телефон со друга течност освен вода, експертите на Apple и Samsung препорачуваат да го исплакнете со потопување во вода, но не под чешмата, бидејќи млазот може да ја влоши настанатата штета. Уште подобро, натопете го во дестилирана вода.
Извадете го што е можно побрзо и не обидувајте се да го вклучите. Внимателно исклучете го. Многу е важно да го направите ова за да спречите краток спој. Не посегнувајте ни сега по фен, бидејќи топлината може да ја оштети чувствителната електроника. Потоа добро исушете го со чиста крпа, внимавајте вишокот вода да не навлезе подлабоко. Ако на куќиштето има остатоци од вода, исушете го со фен што сте го вклучиле за ладно сушење.

Користете кеси за впивање на влага
Сега е време за повеќе опции. Едно е добро познато – многу корисници се колнат дека сега треба да го стават мобилниот во ориз и да го остават најмалку 24 до 36 часа за да ја впие преостанатата течност и влага од уредот. Но, како што пишува „Wired“, дел од форумџиите тврдат дека по ваква операција, нивниот мобилен телефон бил полн со оризовиот скроб кој влегувал во влезните и излезните порти.
Подобро е да користите кеси за апсорпција што може да се најдат во онлајн продавниците. Можете да го користите за да ја отстраните вишокот на влага од телефонот дури и откако сте го навлажниле на дожд, а телефонот ви бил во џеб. За прва помош во вакви случаи можете да ги искористите и кесичките кои ги добивате бесплатно.


