Телефонската линија 192 е во прекин поради технички проблем, во функција е бројот 112

Поради технички проблем телефонската линија 192 е во прекин соопшти Министерството за внатрешни работи.

Како што се истакнува, граѓаните кои имаат потреба можат да го користат бројот 112, се до отстранување на техничките проблеми.

– Министерството за внатрешни работи ги известува граѓаните дека бројот 192 поради технички причини моментално не е во функција, се преземаат мерки за нивно отстранување. Ве информираме дека во функција е бројот 112 и граѓаните кои имаат потреба можат да го користат овој број, стои во соопштението. 

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести