Телма: Љубе Бошкоски имал отоци на рацете и по 10 дена од апсењето

Траги од употреба на прекумерна сила на рацете на Љубе Бошкоски биле видливи и по десет дена од неговото апсење. Ова го има во документите на народниот правобранител кој уште на 6 јуни 2011 отворил предмет за Бошкоски, а во притвор го посетил после десет дена, објави ТВ Телма.

Откако Специјалното јавно обвинителство го оформи предметот „Тортура“ во кој сомничи седуммина, меѓу кои и поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков, во јавноста проструи документ на кој Бошкоски се потпишал дека не се жали на начинот на приведување. Овој документ бил испратен од МВР, сектор за внатрешна контрола со крајна цел народен правобранител. Но, Мемети за Телма вели дека ова не е тој документ кој е во неговите раце.

Најнови вести

Најново од Македонија, Ударни вести

Најчитани вести