Тероризмот и медиумите

едничка цел.Секоја од нив посакува нејзините акции да доживеат што е можно поголем публицитет и притоа настојува со помош на заплашување да ја постигнат својата цел”. Тој го цитира познатиот психијатар Фредерик Хакер според кого “терористите настојуваат да заплашат и со помош на заплашување да владеат. Тие сакаат да импресионираат. Играат пред публика и за публика барајќи и нејзино учество”. Тероризмот -вели Хофман- може да се дефинира и како акт на насилство кој се превзема за да се привлече внимание за преку привлечениот публицитет да ја пренесе пораката. И ова треба да го знаат нашите медиуми кога заканите дури и на осудените терористи ги пренесуваат екстензивно и ги коментираат. Како во сето тоа да уживаат и да го стимулираат. Секако дека такви провокации не треба да се премолчуваат. Но ако секоја будала може неказнето да шири закани за одмазда и од затвор преку најгледаните медиуми во земјата тогаш не ни се пишува добро и се поставува прашањето за одговорноста на медиумите. Пораката на осудените терористи е дека никој од оние што тие го сметаат за виновен за тоа што тие завршиле во затвор не треба да се чуствува безбедно ако доспее во нивниот затвор ниту надвор од него ниту било каде во светот. А ширењето на страв од нив и предимензионирањето на нивната моќ можеби на некого политички му одговара. Фејсбук статус на Ѓорги Спасов]]>

Најнови вести

Најново од Ракурс, Ударни вести