Тешка кражба во Прилеп: Украдени околу 6.000 евра

Непознат сторител вчера извршил тешка кражба во Прилеп, при што одзел пари, златен накит и вредни предмети вредни заедно околу 6000 евра, извести полицијата.

Непознатиот сторител на ул. „Цане Коњарец“ во Прилеп, со употреба на сила влегол во куќата сопственост на Д.Ј.(60), при што одзел 3.900 австралиски долари, 1.800 евра, 48.000 денари, златен накит, причинувајќи материјална штета од околу 350.000 денари.

Полицијата презема мерки за откривање на сторителот.

]]>

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести