Една жена загина, а четири лица се повредени во сообраќајна несреќа која утринава околу 6 часот се случила на автопатот Скопје-Гевгелија.
Кај клучката Демир Капија, „Цитроен Берлинго“ со српски регистерки ознаки изгубил контрола и излетал од коловозот.
Во несреќата, животот го загуби 63-годишната Миланка К. од Белград, а повредено е четиричлено семејство.


