Тешка сообраќајка кај Стража, повредени 5 лица

Утрово во 9:15 часот се случи сообраќајна несреќа на патот Кичево-Скопје кај Стража, во која според информациите од СВР Охрид повредени се пет лица, кои се префрлени во кичевската клиника, а поради сериозноста на повредите едно лице ќе биде префрлено на Клиниката во Скопје.

Во сообраќајката учествувале две патнички моторни возила, „мерцедес“ со италијански регистерски таблички и „голф“ со скопски, а сообраќајката се случила на кичевската страна на патот. Според информациите од АМСМ сообраќајот е во прекин во двете насоки.

Сообраќајот на автопатот Охрид – Скопје  кај „Пресека“ е нормализиран, информираат од Автомото сојузот на Македонија.

soobrakajka2 soobrakajka3

Извор:21Тв

Најнови вести

Најново од Ударни вести, Хроника

Најчитани вести