Вчера попладнето на регионалниот пат Прилеп – Битола кај селото Алинци, се случи тешка сообраќајна несреќа во која животот го загуби 47 годишниот М.Г од Битола.
До несреќата дошло кога возилото кое го управувал М.Г. Опел Астра со битолски таблички се судрило директно во товарно моторно возило марка Сканија со скопски регистарски таблички.
Во судирот не забележувајќи ја колоната од возила се судриле уште неколку возила каде што две лица се повредени и веднаш се пренесени во градската болница во Прилеп.


