Тешко повреден мотоциклист на автопатот Градско-Прилеп

На 07.08.2025 околу 15:10 часот во СВР Велес е пријавено дека на автопатот Велес-Градско, во близина на излезот кон експресниот пат Градско-Прилеп, Г.Ш.С.(28) oд Република Турција, со привремен престој во с.Врапчиште, гостиварско, управувајќи мотоцикл „хонда“ со гостиварски регистарски ознаки,  изгубил контрола и паднал на коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Г.Ш.С., констатирани во Општа болница Велес. Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Велес.

Најнови вести

Најново од Хроника

Најчитани вести