Тетинот на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун, Јанг Сонг Таек, уапсен е во неделата во Пјонгјанг, за време на проширениот состанок на политичкото биро на Централниот комитет на Работничката партија.
Ова е драматичен момент во кој некогаш моќниот тетин на севернокорејскиот лидер Ким Јонг Ун беше отстранет на политички состанок од страна на полицијата.
Долго време се сметаше како втор најмоќени човек во таинствената држава, Јанг Сонг Таек беше клучот за востоличувањето на неговиот внук на власт. Сепак, севернокорејската државна новинска агенција КЦНА, објави во понеделникот дека тој “предничел во расипничкиот живот” и изјави дека бил отпуштен поради низа на кривични дела како што е корупцијата, швалерисување и користење на дрога.
“Јанг и неговите следбеници извршија кривични дела со збунувачка имагинација и тие направија огромна штета на нашата партија и револуција”, објави агенцијата во извештајот по состанокот на Политбирото на владејачката Работничка партија во неделата.
Ким Јонг Ун присуствуваше и раководеше со состанокот кој одлучи да го разреши Јанг од сите негови позиции и да го истера од Работничката партија, соопшти КЦНА.

“Занесен од капиталистичкиот начин на живеење, Јанг подлегна на неправилности и корупција и водеше растурен и расипан живот”, додаде новинската агенција , велејќи дека одлуката да го отстрани, се должи исто така врз основа на неговото запоставување на финансискиот систем на земјата и корупцијата.
Јанг е во брак со тетката на Ким, Ким Кјонг Хуи, ќерка на основачот и лидер на Северна Кореја, Ким Ил Сунг. Тој бил забележан во многу извештаи и фотографии од јавните активности на Ким Јонг Ун, но неговите покажувања во јавност се намалија нагло оваа година и тој не е појавен во официјалните медиуми од почетокот на ноември.
Тој, исто така е „исфрлен“ од документарецот “Големиот другар”, според Министерството за обединување на Јужна Кореја.
Јанг сеуште може да се види во фотографии, направени од оригиналното емитување на филмот во октомври, но немаше трага од него кога тој беше повторно прикажан во декември.


