Одличен подег направи поранешниот премиер, а наскоро и поранешен претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски што одлучи да ја предводи листата во изборна единица 4. Тука се земјоделците, тука се лозарите. Да, тие лозарите, кои годинава преживуваа нервни сломови оти немаа каде да го продадат грозјето, а ти Грујче сеир си гледаше од далеку.
Не дојде ни еднаш, да се поздравиш со нив, да разговараш и да ти ја кажат маката, како што твои членови ти се жалат пред тв камерите во реалните тв шоуа што ги прават „Шител“, „Анал5“ „кАЛФА“, „КУРир“ и ти како супермен преку телефон им ги решаваше проблемите.
Зошто не одважи среде берба да дојдеш да ги видиш овие напатени души кои молеа за помош, кои бараа државата да ги заштити од винската мафија? Срам ли ти беше да разговараш со нив,или пак ти беше страв да не настрадаш од нивниот гнев.
Не Грујче, тие се домаќини и вредни луѓе. Немаше да те нападнат физички, можеби вербално ќе ти ги кажеа проблемите на повисок тон. Но, ти ја прокоцка шансата…
Да те потсетиме, можеби си заборавил. Бербата на грозје заврши. Сега не си им ич потребен на лозарите и на останатите земјоделци. Тие се во голема загуба. Грозјето им скапа на нивите, голем дел оставија дома за да варат ракија, која не знаат каде ќе ја продадат. Ти наместо да им помогниш ним, ти им даваше субвенции на визбите, демек да го откупеле цело грозје.
Лозарите со години одвај врзуваат крај со крај. Извршители им кинат се што ќе им легне на сметка од продадени производи. Им наоѓаат некакви стари долгови за водарина, за пашарина. Поради неплатеното грозје од винариите и тие неможат да се раздолжат за препаратите кои ги земаа на вересија за да ги прскат лозјата, да ги заштитат од болести и штетници.
Сега, кога тие ги преживеаа сите проблеми и стресови околу бербата и непродажбата на грозјето не им требаш воопшто. Тие ќе те поздрават и ќе ти покажат каде ти е местото. Лозарите повеќе не ти веруваат! Лозарите знаат дека на нив мислиш само кога треба да гласаат. Затоа овој пат лозарите ќе се одважат и ќе го кажат своето мислење. Ќе ти се „оддолжат“ за се што им направи. Субвенциите со кои се фалиш не се од на мајка ти џебот. Тоа се нивни пари. Тоа се пари на кавадарчани, на кавадаречките фирми кои го полнат државниот буџет.
Убаво си напиша на ФБ, многу ти било мило што ќе трчаШ во четворката на овие избори. Но верувај, време е уште од сега да се подготвуваш за во историја. На лозарите ниту ти, ниту луѓето од твоето опкружување не им сте потребни. Доста беше десет години да ги лажете и манипулирате. Никаква коалиција со Тантарот или со Аризанот нема да ти помогнат да ги освоиш гласовите во четворката, затоа што овде, во овој дел од Македонија живеат домаќини луѓе, чесни, работливи. Се што имаат имаат спечалено со мака и пот, а не со кражба, не со уцени, не со притисоци. Лозарите на овие избори ќе ти посакаат Збогум во неповрат. Тие не веруваат во криминалци.
Немој да се трудиш да ги притискаш, да ги уценуваш, да им се закануваш. Така само ќе им го зголемиш револтот и ќе поминиш уште полошо од што можиш и сам да очекуваш.
Сега дојдоа нивните пет минути. Тие сега се главни, не си ти. Твоето помина! Домаќините од тиквешијата точно е дека се гостопримливи луѓе, трпат, трпат, но на крај точно кажуваат се што треба. Тебе сега лозарите ќе ти кажат добредојде и збогум!

Фото: Александар Дојранлиев


