Тимур Дибиров нема да настапи за селекцијата на Русија на ЕП во Данска

Ракометарот на РК Вардар Тимур Дибиров најави дека нема да настапи за репрезентацијата на Русија на Европското првенство што во јануари ќе се одржи во Данска. Левото крило на РК Вардар и руската репрезентација, оваа информација ја потврди на својот профил на Фејсбук, каде објасни дека основната причина за ваквиот потег се недоразбирањата со селекторот на рускиот национален тим, Олег Кулешов. Селекторот на руската репрезентација пак има своја верзија за одлуката на ракометарот на македонскиот шампион.

-Дибиров нема да настапи за репрезентацијата на Русија, на престојното ЕП во Данска. Тој имаше состанок со стручниот штаб, и ни соопшти дека му е неопходен одмор од репрезентативните настапи- изјавил рускиот селектор за официјалната интернет страна на Ракометната репрезентација на Русија.

Репрезентацијата на Русија на ЕП во Данска, кое се одржува следната година во јануари, ќе биде дел од групата Ц, каде настапуваат уште и Франција, Полска и Србија.

 

Најчитани вести