Тоблероне чоколадото се повлекува од продажба

Темното чоколадо Тоблеронe се повлекува од продажба во Велика Британија по речиси шест децении, објави Mondelez.

Црното тоблероне од 360 грама повеќе нема да биде достапно на британскиот пазар, што предизвика разочарување кај голем број љубители на оваа популарна чоколада, пренесува Biznis.ba.

Од компанијата посочуваат дека овој потег е дел од нивното постојано прилагодување на асортиманот во согласност со промените во преференциите на потрошувачите.

Тоблероне стана икона меѓу чоколадите, а темната верзија со 50 проценти какао беше лансирана во 1969 година, која освои многу обожаватели ширум светот.

Оригиналната верзија на чоколадото Toblerone е создадена во далечната 1908 година, а во текот на децениите, брендот помина низ неколку промени во пакувањето и составот, секогаш настојувајќи да ги задоволи барањата на пазарот.

Најнови вести

Најново од Свет

Најчитани вести