Кривичниот суд денеска донесе одлука новинарот Томислав Кежаровски да биде ослободен, откако барање за условен отпуст побара неговата сопруга, но и директорот на затворот „Скопје“.
„Кривичниот совет на Одделението за организиран криминал во текот на вчерашниот ден на јавна седница одлучуваше по предлогот на директорот на КПУ Затвор Скопје – Скопје за условен отпуст на осудениот Томислав Кежаровски. Одлучувајќи по предлогот, Кривичниот совет при овој Суд донесе решение со кое го уважи предлогот на директорот за условен отпуст. Со решението, осудениот се отпушта на ден 18.02.2015 година, од понатамошно издржување на казна затвор, изречена со пресуда од Основен суд Скопје 1, а времето на условниот отпуст трае до 27.06.2015 година, односно до истекот на издржувањето на казната на осуденото лице“, информираат од Основниот суд Скопје1.
Од судот објаснуваат дека оваа одлука ја донеле бидејќи Кежаровски издржал повеќе од половина од казната.


