Трагедија во минимотоциклизамот: Почина седумгодишното момче на кое му предвидуваа голема кариера

Седумгодишниот Сид Вејер паднал за време на тренинг со мотор и починал од повредите здобиени по несреќата.

Несреќата се случила на картинг патека на 22 декември за време на затворен тренинг. Вејер се здобил со тешки повреди на главата и му биле направени неколку операции, во обид на лекарите да му го спасат животот, за жал неуспешно.

Инаку, пред неколку месеци Вејер стана холандски јуниорски шампион во А класа.

„По се што се случи Сид многу се бореше, но ова беше тешка и комплицирана битка која не можеше да ја добие. Многу сум горд што сум твој братучед и никогаш нема да ги заборавам моментите што ги поминавме заедно.

Никогаш нема да ги заборавам спомените и тебе како личност. Засекогаш ќе бидеш во моите мисли. Ме мотивираше да се борам како што ти се бореше. Те сакам“, напиша неговиот братучед Колин Вејер, кој почнувајќи од оваа сезона ќе се натпреварува во Мото 2.

Најчитани вести