Вечерва околу 19:30 часот се случи трагична несреќа .
Падот од петтиот кат од зградата лоцирана на улица “Ристо Крле’’ на само 50-тина метри од градската болниа, беше кобен за четири годишната Рина.
Полициски екипи сеуште вештачат и се обидуваат да го склопат мозаикот како дошло до несреќата.
Според граѓаните кои беа собрани на лице место , до несреќата дошло кога четири годишната Рина се обидела да го поздрави својот татко кој се наоѓал во автомобилот под балконот од кој паднала.

Рина веднаш била пренесена до градската болница која се наоѓа на 50 до 100 метри оддалеченост од местото на несреќата но за жал лекарите можеле да констатираат само смрт.
Неофицијално малата Рина е ќерка на почитуван интернист кој работи во кардиолошкиот завод во Охрид и докторка од брзата помош од Струга.
Извор:struga48.com


